Тој вели дека меѓу двете влади постои расположение за решавање на проблемот, потенцира и дека Македонија [sic] го променила Уставот во уште во 1992 година.
Подобро е да ги решаваш проблемите отколку да ги игнорираш, вели скопскиот градоначалник за грчкиот весник „Документо“. Петре Шилегов, вели дека тој, но и премиерот Зоран Заев сакаат да ги решаваат, а не да создаваат проблеми.
- Кога сакаш да решиш еден проблем, го решаваш. Кога не сакаш, не го решаваш. Она што го гледам во овој момент е дека меѓу двете влади постои едно расположение, намера да се реши проблемот, вели Шилегов.
Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во интервјуто под наслов „Александар Велики никогаш не бил дел од нашата регуларна историја“, Петре Шилегов говори за проблемот што Грција го има со нашето уставно име, за направените промени во Уставот, за Александар Велики, но и за соработката меѓу двата главни градови.
На прашањето за евентуалните уставни промени што Грција ги бара од нас, скопскиот градоначалник објаснува дека постои член во Уставот според кој Македонија [sic] нема територијални претензии од соседните земји.
- За конкретното прашање го променивме нашиот устав во 1992. Во нашиот Устав не постои член што поддржува такво нешто за ниту една земја. Секако, постои член во нашиот устав што вели дека немаме територијални претензии од соседните земји. Затоа ова не треба да биде закана за никој во Грција, вели скопскиот градоначалник.
Шилегов одбива да ги коментира македонските [sic] позиции во разговорите за името, бидејќи вели дека било каква политичка изјава може да му наштети на процесот.
- Процесот што е во тек меѓу владите се наоѓа на средина. Така што во овој момент било каква изјава за прашањето, особено од политичари - дури и моето лично мислење бидејќи сум потпретседател на социјалдемократската партија, може да нанесе штета. Подобро е да им помагаш на луѓето што преговараат, што се вклучени во процесот, да ги охрабруваш да го решат проблемот, вели скопскиот градоначалник.
Запрашан за тоа дали се согласува со изјавата на поранешниот претседател Киро Глигоров дека сме Словени што дошле по Александар Велики, Шилегов вели дека преферира, Александар Велики да го гледа како лидер што го цивилизирал целиот свет.
- Александра Велики никогаш не бил дел од нашата регуларна историја. Беше вклучен во нашата историја во последните десет години. Во основа, кога говориш за таков вид на етничка припадност, држави и народи, тоа се однесува на последните 300 години, додека пак Александар Велики, живеел пред 2300 години. Јас преферирам да го гледам како лидер што го цивилизираше целиот свет, објаснува градоначалникот на Скопје во интервјуто за „Документо“.
Шилегов вели дека комуникацијата е најдобриот мост на пријателство меѓу народите, бидејќи многу стереотипи исчезнуваат кога луѓето се запознаваат и „така разбираме дека ги имаме истите проблеми и ги делиме истите вредности“.
- Ние, од позиција на градоначалник на Атина од една и градоначалникот на Скопје од друга страна, откривме дека ги делиме истите проблеми, вели Шилегов.
Обраќањето на грчки јазик на почетокот од прес-конференцијата во Атина, по средбата со Каминис, предизвика аплаузи кај присутните, а сега новинарката во интервјуто го прашува дали има некаква поврзаност со Грција. Вели дека неговиот дедо бил роден во село во близина на Воден, а од Грција заминал кон средината на 20-от век, но тоа не е причината што тој знае малку грчки, туку вели дека научил затоа што поминал многу време во различни делови на Грција, во близина на нашата земја.
Од: PlusInfo